Услови за Користење
Добредојдовте на SENS. Со користење на оваа веб-страница и со правење нарачка, вие се согласувате со следниве Услови за користење. Ве молиме внимателно прочитајте ги.
1. Информации за Продавачот
SENS е бренд за рачно изработени свеќи.
Локација: Прилеп, Македонија
2. Нарачување
Нарачките се прават преку на нашата веб-страница, социјалните мрежи или преку директен контакт.
По извршената нарачка, купувачот добива потврда по е-маил
-
SENS го задржува правото да одбие нарачка доколку:
-
недостасуваат материјали за изработка
-
информациите се нецелосни или неточни
-
постои сомнеж за злоупотреба или нереална нарачка
-
3. Цени и Начин на Плаќање
Сите цени се изразени во македонски денари (МКД).
Плаќањето се врши при достава (готовина на рака преку курир).
SENS задржува право да ги менува цените без претходна најава.
Попустите и промоциите важат само во наведените периоди или до истек на залихи.
4. Изработка и Испорака
Секој производ е рачно изработен. Рокот на изработка на букетите од свеќи е вообичаено 1–3 работни дена, освен ако не е поинаку договорено. Свеќите за вашите специјални мигови се изработуваат по договор и за нивна изработка е потребна најава барем 3 недели однапред.
Испораката се врши преку курирска служба до адресата што ја навел купувачот.
Купувачот е должен да биде достапен на телефон на денот на испорака.
Доколку пратката не биде подигната, се пресметуваат дополнителни трошоци за ново испраќање.
5. Рекламации и Рефундирање
SENS обезбедува рефундирање во следниве случаи:
-
Производот е оштетен при испорака и е вратен веднаш на курирот
-
Испорачан е погрешен производ
Проблемите мора да се пријават во рок од 24 часа од приемот.
За детали, погледнете ја нашата целосна Политика за рефундирање.
6. Интелектуална Сопственост
Сите фотографии, текстови, дизајни и визуелни материјали на оваа веб-страница се сопственост на SENS.
Забрането е копирање, репродуцирање или користење без писмена дозвола.
Прекршување на ова може да доведе до правни последици.
7. Ограничување на Одговорност
SENS не презема одговорност за неправилна употреба на производите, како и за можни алергиски реакции на материјали или мириси.
Бојата, големината или текстурата на производот може да имаат мали варијации бидејќи се рачно изработени.
Фотографиите на веб-страницата можат да отстапуваат од производот поради прикажување на различни екрани.
8. Заштита на Лични Податоци
SENS ги користи личните податоци доставени преку нарачките единствено за обработка и испорака на истите.
Податоците не се споделуваат со трети лица, освен со курирската служба за целите на доставата.
За повеќе информации погледнете ја нашата Политика за приватност.
9. Измени на Условите
SENS го задржува правото да ги менува овие Услови за користење во било кое време.
Измените стапуваат на сила веднаш по нивното објавување на веб-страницата.
10. Контакт
За прашања или поддршка, контактирајте нѐ:
📧 sens.candles.mk@gmail.com
📞 +389 77 532 313