top of page

Политика за Приватност

Оваа Политика за приватност објаснува како SENS ги собира, користи и заштитува личните податоци што ги оставате преку нашата веб-страница. Со користење на оваа страница, вие се согласувате со оваа политика.

1. Кои податоци ги собираме

При пополнување на формулар за нарачка или контакт, можеме да ги собираме следниве податоци:

  • Име и презиме

  • Телефонски број

  • Е-маил адреса

  • Адреса на достава

  • Содржина на порачката или специјално барање

  • Прикачени фотографии (по избор)

 

Не собираме чувствителни податоци, ниту финансиски информации, бидејќи плаќањето се врши при достава.

2. Како ги користиме податоците

Вашите податоци ги користиме исклучиво за:

  • обработка на вашата нарачка

  • контакт со вас за детали, промени или потврда

  • организација на доставата

  • одговарање на прашања што ги испраќате преку формуларите

 

SENS не продава, не изнајмува и не споделува лични податоци со трети лица освен кога е потребно за испорака (курирска служба).

3. Кој има пристап до вашите податоци

Пристап имаат само:

  • SENS (за обработка на нарачката)

  • Курирската служба (само име, телефон и адреса – потребно за достава)

 

Никој друг нема пристап до вашите податоци

4. Зачувување на податоците

Податоците ги чуваме во Wix платформата, која користи индустриски стандарди за безбедност.

 

Податоците се чуваат онолку долго колку што е потребно за обработка на нарачките и водење евиденција (до 12 месеци).

 

Купувачот може во секое време да побара бришење на податоците.

5. Ваши права

Како корисник имате право да побарате:

  • пристап до вашите податоци

  • корекција на неточни податоци

  • целосно бришење на податоците

  • ограничување на обработката

 

За да ги искористите овие права, контактирајте нѐ на нашиот е-маил.

6. Колачиња (Cookies)

Нашата веб-страница може да користи основни колачиња на Wix за подобрување на функционалноста (пр. аналитика, вчитување на страница, безбедност).

 

Ние не користиме маркетинг или тракинг колачиња од трети страни.

7. Безбедност на податоците

Wix обезбедува SSL енкрипција и безбедносни мерки за заштита на податоците.

 

Иако се трудиме да гарантираме максимална безбедност, ниту еден систем не е 100% непробоен.

8. Промени во Политиката за приватност

SENS задржува право да ја ажурира оваа политика во било кое време.

 

Секоја промена ќе биде објавена на оваа страница.

9. Контакт

За прашања во врска со приватноста или личните податоци, контактирајте нѐ:
📧  sens.candles.mk@gmail.com
📞  +389 77 532 313

bottom of page